Не се чуствувам виновен за настаните од 27 април истакна поранешниот претседател на Собранието Трајко Вељаноски на денешното рочиште. Тој истакна дека ова е нарачка на извршната власт за да се влијае на гласањето за уставните измени.

Го разбрав обвинението, но разбрав и дека Обвинителството нема докази и дека ова е класичен политички прогон по нарачка на функционери од извршната власт со цел да се влијае врз пратениците за гласањето на уставните промени за кое има докази, а во најскоро време и јавноста ќе ги дознае тие докази-рече Вељаноски пред судот.