Пратеникот Трајко Вељаноски од ВМРО ДПМНЕ на комисиската расправа за уставните амандмани обраќајќи му се на премиерот Зоран Заев рече дека се гледа оти сега е многу порелаксиран, најверојатно дека во оваа фаза се потребни 61 глас.
Тој читаше стари изјави на премиерот дека Уставот нема да се менува, во кои лично премиерот потенцира дека ” додека го држи паметот” Уставот нема да се менува.
Името го променивте и после сакавте да се затскриете зад македонскиот граѓанин. Но, и покрај тоа, вие не го слушате гласот на македонскиот граѓанин. Ние како пратеници имаме предлози и мислења. Во Уставот, Република Македонија ќе се менува со Северна Македонија. Во повеќе веќе од 50 члена го има тоа, а во некој член со 3-4 пати. Кога ќе дојде Преамбулата, шест пати се додава Северна Македонија. Не може со еден збор Уставот да се смени. Не се плашете дека би го закочиле. Ве замолува, укажете им на службите во Владата како се пишуваат уставни амандмани. Се плашам дека ќе биде полошо од ова. Вие викате дека ќе имаме заштитен идентитет. Ќе се викаме Северномакедонци“, истакна Вељаноски.
Вељаноски неколкупати потенцираше дека македонскиот идентитет не е заштитен со Договорот.
Како е зачуван македонскиот идентитет кога ќе се викаме Република Северна Македонија. Ако одредницата беше пред Република тогаш ќе беше друго и вие тоа го знаете, го запраша Вељаноски премиерот Заев.
Comments are closed for this post.