Предавството кое го направивте силно не болеше и тоа пеколно. Со вашата крената рака  само ја свиткавте кичмата, а од удирањето по гради ве заболеа плеќите. Тоа нас пеколно не болеше. Знам дека нема да можете на народот да му погледнете во очи, рече лидерот на  ВМРО ДПМНЕ Христијан Мицкоски на прославата на 23 октомври во МНТ.

Обраќајќи им се на пратениците кои дадоа поддршка за уставните измени  Мицкоски додаде:

Имате исти говори,  исти напади како оние од СДСМ. На Бихачка ли ви ги пишуваат говорите? Зошто не издржавте?  Цел живот ќе ве мачи ова прашање.  Вие за малку му ја продолживте политичката кариера на Зоран Заев.  Да издржевте ќе одевме на избори и ќе го победевме.  Зоран Заев е слаб, а вашата инекција кратко ќе му трае,  истакна Мицковски

Во своето обраќање опозицискиот лидер рече дека вечно ќе пати затоа што неговите  сопартијци кои гласаа ЗА уставни измени не му дале шанса..


Вечно ќе патам за пропуштениот момент. Ќе ме мачи тоа што вие кои не изневеривте, не ми дадовте шанса да го поразам Заев, не ни дадовте шанса! Зошто ни ја одземавте можноста да го победиме на избори, и тоа кога беше готов?! Но нема очајување. Ни избега Заев со предавство на нашите браќа и сестри . Ме потценивте, не потценивте  затоа ќе ве победиме, порача Мицковски.