Каде и да си за божик дома да си

Вечерва сите сме пред Бадниковата трпеза

06.01.2019 / 18:00

Бадник е денот пред Божик. Празник пред празникот. Најава на празникот. Очекување на Христовото раѓање.
Првите весници на празникот се децата коледари. А весник или гласник значи ангел. Тие се нашите земни ангели. Тие се известувачите за Божик. Од рано утро нè будат со песна и со радост. Тие се првите гласници на празникот – весници на радоста. Нашите ангели за Бога и за Бадник. Рано в зори секоја куќа го слуша прекрасниот детски глас, како глас на ангелите за раѓањето на Христа Спасителот.

За добрата вест се наградува, а за коледарите награда е отворената врата, пречекот, радоста и обичните дарови – плодови од природата: ореви, костени, јаболка, круши, смокви, сливи и ситнурии. Се радуваат на малку и на едноставност, а тоа е добро школо за нас возрасните дека, всушност, толку и ни треба. Доволна е насмевка и радост, срдечност и љубов.

Тоа се богатствата што ги добиваме од децата и такво е Бадничкото семејно празнување. Негова одлика е љубовта и едноставноста. Тоа е денот кога се чувствуваме најблизу до оние што ни се најблиски и до она што ни е најблиску: до децата и до родителите, до себеси и до своите, до семејството и до природата. Најблиску до луѓето и до Бога.

Затоа на Бадник семејството е Црква. Секоја куќа е Црква. Во секој дом се пали свеќа, темјан и кандило. Во сите домови се принесува молитва од Домашната црква. Молитва заедно со принос – благодарност на Трпезата. Како в црква Евхаристија. Таква е заедницата на љубовта. Заедница на заедничарењето. Радост со најблиските, љубов крај своите.

И сето тоа со пости, за душа да се гости.

На Бадник завршуваат Божикните пости. Тоа е последната посна трпеза пред Божик, а полна со разновидна храна и овошје. Дарови од Бога, Нему принесени.

Бадник значи будност. Зборот Бадник доаѓа од старомакедонскиот збор Б’дник, Будник, што значи: Бдеење, Будност, Неспиење во ноќта спроти Божик. Будни заради очекувањето на Денот на Христовото раѓање.

Таа будност, тоа бдеење на Бадник, доколку не е молитвена будност, со присуство на сеноќно бдение, тогаш е богоугодна и домашната будност со читање на Библијата – читање за настаните поврзани со Христовото раѓање или будност во домашен разговор за библиските настани. Така е најдобро и така најпријатно се подготвува верникот за пречек на Господа. Тој Го чека Бога со насочени мисли, чувства и волја кон Него.

И Бадничката богослужба е исполнета со библиски читања за пророштвата и записите во Библијата за доаѓање на Христа Спасителот. На овој празник, во богослужбата има најмногу читања на библиските текстови и настани поврзани со доаѓањето на Спасителот на светот. Но, Бадник не е само вечерта и само ноќта, туку и целиот ден. А дента има богослужба и добро е да се појде в црква, на молитва. Но, сепак, поим за Бадник е бадниковата вечер.

Бадник е ноќта на мирот, радоста, љубовта и сплотеноста, кога будни го дочекуваме раѓањето на Господа Исуса Христа. Таа будност не мора да значи само будно око од неспиење, туку уште повеќе значи будност духовна – да бидеме духовно будни!
Бадник е роденденската ноќ на Спасителот.


Pressingtv.mk - содржините се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Comments are closed for this post.

Македонија

На Филипче не му пречи што го нема македонското знаме, од Македонците тој и онака не чека гласови

пред 3 часа
Македонија

Рама и Филипче ги личи со албанското знаме (ФОТО)

пред 5 часа
Македонија

Ќе има ли предвремени избори?

пред 7 часа
Македонија

Мицкоски: Се трудиме да ги убедиме државните компании да не бараат зголемување на нивниот дел во цената на електричната енергија

пред 19 часа
Македонија

Мицкоски: За вториот пензиски столб се разгледуваат неколку модели, ќе има јавна расправа

пред 19 часа
Македонија

Предвремени избори нема да има: Mицкоски најави дека  следните парламентарни избори ќе бидат во април 2028 година

пред 1 ден
Македонија

Велковски: Не се укинува вториот пензиски столб, станува збор за пренесување на законската одредба во друг закон

пред 1 ден
Македонија

Мицкоски најави кампања „Очи в очи за подобро“: Ќе ги посетуваме општинските комитети низ целата држава

пред 2 дена
Македонија

Мицкоски со три проекти: Стан со најмалку 20 проценти попуст за брачен пар до 35 години, нула комуналии за млади до 35 години кои ќе градат свој дом и студентска картичка за попуст

пред 2 дена
Македонија

Koманданте Али каде е државното знаме? (ВИДЕО)

пред 2 дена
parla iptvstarzbet girişgrandpashabetstarzbetsahabet girişgrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet girişjojobet günceldeneme bonusudeneme bonusugrandpashabetGrandpashabetgrandpashabetgrandpashabet girişgrandpashabet girişgrandpasha casinoGrandpashabetgrandpashabet güncel girişgrandpashabet girişgrandpashabetdeneme bonusugrandpashabethttps://centromedicoflorence.com/cookies-service/betkomextrabetbahis siteleriGrandpashabet girişGrandpashabet girişgrandpashabetjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişjojobetjojobet girişgrandpashabet girişjojobetjojobet girişjojobet girişGrandpashabetjojobetjojobetjojobet