Еврокомесарот Оливер Вархеји на заедничката прес-конференција со премиерот Зоран Заев рече дека било многу важно да дојде во Скопје и да ги соопшти добрите вести.

Ангажирани сме да го зајакнеме проширувањето со тоа што пред сè имаме нова методологија. Второ, постигнуваме договор со другите земји-членки за почеток на прегоорите со вашата земја. И трето, многу важна ногарка на столчето е инвестицискиот и економскиот план. Тоа може да биде поттик за економијата во Западен Балкан, како и за заздравување од кризата. Мислам дека ЕУ е многу важна за Северна македонија, но и за целиот регион. Се обидовме да ги чуеме сите идеи за тоа во кои области може најмногу да се придонесе за заздравување на економијата на брз начин. Тоа што го гледате е резултат на нашата мала анкета и она што ние го имаме е понуда за вашата земја. Треба да видиме дека се работи на борбата против корупцијата, владеењето на правото и сите закони, во судството, во јавното обвинителство. Потребно е да видиме резултати за да можеме и ние да ја презентираме вашата посветеност пред другите земји-членки на ЕУ. Сите овие проекти можат да ги намалат вашите емисии за 60 отсто и да го намалите смогот од кој луѓето се крајно разочарани. Мојата последна точка е тоа што досега не сме обраќале доволно внимание на ромската заедница, особено кога се работи за нивно вклучување на пазарот на трудот. Мислам дека постои голем потенцијал во поглед на нивниот проидонес кон економијата, рече Вархеји.

 

На новинарско прашање за проблемот помеѓу Македонија и Бугарија, еврокомесарот Оливер Вархеји истакна дека во интерес и на двете земји е да најдат решение за прашањата без да се рашират недоразбирањата.

Мислам дека ова е моментот да се постигне договор. Јас гледам спремност кај двајцата премиери и се надевам дека ќе успеат да најдат решение. Ако можеме ние да помогнеме, тогаш ќе помогнеме. Јас не би драматизирал многу околу прашањето, но сепак, тоа е сериозно прашање, посочи Вархеји.