Aферата „Рекет“ можеби докажува зошто Специјалното јавно обвинителство не го почитуваше начелното правно мислење на Врховниот суд дека СЈО не е овластен тужител по истекот на мандатот од 18 месеци од формирањето на институцијата, вели за ТВ 21 претседателот на Врховниот суд Јово Вангеловски.
Непочитувањето на ова мислење отвора сомнежи дека отворените случаи по 30 јуни 2017 се започнати со цел да се злоупотреби СЈО. Така личи од сегашна перспектива. Но, тоа е само логична претпоставка – вели Вангеловски.
На 4 мај годинава, Врховен суд ги укина мерките куќен притвор за тројцата обвинети во случајот „Империја“ – Орце Камчев, Цветан Панделевски и Ненад Јосифовиќ, кои претходно поднесоа жалба до Апелација.
Comments are closed for this post.