На автопатот Скопје – Тетово од изутрината се врши увид на местото на синоќешната сообраќајна несреќа во која животот го загубија 14 лица. Поради увидот, во прекин е и сообраќајот на овој патен правец од 10:30 часот.
Несреќата се случи вчера меѓу Карпалак и Ласкарци околу 17 часот. Загинаа 14 лица, а 37 се повредени, од кои седум се во тешка здравствена состојба. Автобусот на Дурмо турс сообраќал на релација Скопје-Гостивар.
Comments are closed for this post.