Утре во Подгорица ќе биде официјално промовирана книгата „Македонија и Црна Гора-Културноисторискиот и книжевнотворечкиот контекст“ од проф. Илија Велев.

Книгата е заеднички проект на Матица црногорска и на МАНУ.

Помоцијата ќе се одржи во Култруно-информативниот центар „Будо Томовиќ“, а модератор ќе биде публицистот Влатко Симуновиќ. Покрај авторот Велев, ќе говорат историчарот Божидар Шекуларац, публицистотнИван Јововиќ и преведувачот и уредникот на изданието Иван Ивановиќ.

Книгата во петокот беше промовирана и во Бар.