Собраниската расправа за уставните измени ќе продолжи во петок, рече претседателот на Собранието Талат Џафери по денешната попладневна дискусија во која учествуваа само пратениците од СДСМ.
Пратениците од ВМРО – ДПМНЕ и од коалицијата „За подобра Македонија“ претходно соопштија дека се откажуваат од дебатата, нарекувајќи ја јалова, како и дека ќе гласаат против уставните измени. Воедно ги повикаа пратениците од владејачкото мнозинство да се откажат од настапите и да се пристапи кон гласање по владиниот предлог за измени на Уставот.
Попладнето, во текот на собраниската расправа, пратениците од СДСМ кои беа пријавени за збор, го повторија ставот дека сега е време сите што декларативно се залагаат за НАТО и ЕУ да дадат конкретна поддршка на уставните измени.
Единствен интерес треба да биде државата. Ако продолжиме да се докажуваме кој е поголем патриот, а кој предавник, исходот ќе биде пораз. Наша обврска е како пратеници да го изодиме патот на Македонија кон стабилност, безбедност и економски просперитет, а тоа е патот преку ЕУ и НАТО. Да бидеме лидери на промените чиј бенефит граѓаните ќе го почувствуваат за кратко време, истакнаа пратениците од СДСМ.
Според нив, замајување на јавноста е дека со Преспанскиот договор се брише името на Македонија и дека придавката „северна“ задира во идентитетот.
Соочени сме носење мноу важна, тешка, единствена, историска одлука за иднината на Македонија што ќе значи крај, затворање, решавање на доглогодишен апсурден спор со нашиот јужен сосед. Проблемот е реалност, а ние сме дожни како полчитичари да се соочиме со него. Време е да престанеме да фантазираме за победи и порази, за триумфи и катастрофи, време е да преземеме одлучен чекор за иднината на Македонија, беше речено на попладневното продолжение на седницата.
Поддршка за уставните измени даде и Неџбедин Карамани од името на Движењето Беса на Африм Гаши.
Comments are closed for this post.