Уставниот суд денеска расправа за иницијативата за оспорување на одлуката за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија,  донесена од Собранието на 19 октомври 2018 година.

Тогаш 80 пратеници гласаа за отпочнување на уставни измени согласно Договорот од Преспа. За нивно оспорување поднесени се две иницијативи, едната е на Светскиот македонски конгрес а другата е од приватно лице од Свети Николе чии идентитет судот не го открива.

Деветте уставни судии имаат три опции, да ја отфрлат иницијативата, да ја поништат одлуката за отворање на уставните измени, или пак да донесат привремена мерка до одлучување со што се суспендираат сите дејства.

Процедурата за уставни измени е дојдена пред третата  фаза, а според најавите на спикерот Џафери за конечно менување на Уставот и промена на името во „Република Северна Македонија“ ќе се гласа на 15 јануари.

Процедурата потоа се сели во грчкиот парламент кој доколку не го изгласа Договорот од Преспа уставните измени нема да важат.