На дневен ред на Уставниот суд денеска е одлуката на Собранието од 19 октомври минатата година да се отвори Уставот на Република Македонија.
Како што стои на страницата на Уставиот суд ќе се расправа за„Одлука за пристапување кон измена на Уставот на Република Македонија, број 08-6054/1 од 19.10.2018 година, објавена во „Службен весник на Република Македонија” број 192/2018“.
На 19 декември Собранието со 80 гласови донесе одлука да се пристапи кон отворање на Уставот согласно договорот од Преспа.
За оваа одлука Уставниот суд веќе расправаше на седницата на 12 декември по претставка на адвокатот Томе Тодоровски и Тодор Петров од СМК. Тогаш судот одлучија да не воведат постапка па малку е веројатно сега судот да донесе поинаква одлука.
На седницата во декемвриа мнозинството судии сметаа дека одуката за уставни измени е во надлежност на Собранието и дека тука нема ништо спорно.Постои и овластен предлагач, во случајот на владата и дека единствено за што можело да се расправа е за бројката на пратеници, односно дали двотретинско мнозинство е 80 или 81 пратеник.
Во образолжението Судот беше јасен, одлуката на Собранието не е пропис и не е во спротивност со член 110, алинеја 2 од Уставот и според тоа не навлегува во оценување на уставноста
Comments are closed for this post.