Со донесувањето на одлука да не поведе постапка за оценување  на одлуката на Собранието за отпочнување на уставни измени, Уставниот суд направи невиден преседан, оценува адвокатот Томе Тодоровски.

Тој е разочаран од оваа одлука и нагласува дека надлежноста на Уставниот суд е да го штити Уставот и законите.

Со ова Уставниот суд даде зелено светло на Собранието да го промени името на државата, јазикот и идентитетот. Ова решение ќе предизвика несогледливи последици во понатамошното функционирање на Република Македонија-оценува Тодоровски за Пресинг Тв.

Уставните судии одлучија вчера да не поведат постапка за оценување на уставноста на одлуката на Собранието за отпочнување на уставни измени од 19 октомври.

За мнозинството на судии, одуката за уставни измени е во надлежност на Собранието и дека тука нема ништо спорно.Постои и овластен предлагач, во случајот на владата.

Во образолжението Судот беше јасен, одлуката на Собранието не е пропис и не е во спротивност со член 110, алинеја 2 од Уставот и според тоа не навлегува во оценување на уставноста