Собраниската Комисија за уставни прашања попладнево со девет гласа „за“, пет „против“ и ниту еден „воздржан“ го поддржа четвртиот амандман на Уставот што произлезе од потребата за имплементација на Договорот од Преспа меѓу Македонија и Грција. Со усвојување на овој амандман Комисијата ја заврши расправата по четирите предложени нацрт-амандмани.
Со девет гласа „за“ и пет „против“ Комисијата за уставни прашања даде зелено свтело и за поледниот нацрт амандман со кој се гарантира заштита и негување на македонскиот идентитет, како и заштита на правата и интересите на државјаните кои живеат или престојуваат во странство, но без мешање во внатрешните работи на другите земји. Според ВМРО-ДПМНЕ се уште има опасноста од блокирање на земјава на евроинтегративниот пат, бидејќи Грција никогаш нема да го признае националниот идентитет.
Независната рпатеничка група на ВМРО – ДПМНЕ пак со став дека со Амандманот се потенцира обврската за заштита на историското и културното наследство на македонскиот народ, но и со порака дека власта дека треба да се обиде да постигне консензус по прашањето на промена на Уставот.
Сега промената на уставот се сели во законодавно правната комисија која има рок од 12 денови.
Comments are closed for this post.