Уредниците од 1 ТВ чиј неформален сопственик е Бојан Јовановски , се оградуваат од последните случувања и сомнежите за криминал. Тие за а1 он , велат дека во телевизијата работеле хонорарно и дека не биле инволвирани во било какви нелегални активности, а Кабранов најавил дека нема да го потпише хонорарниот договор со телевизијата наредниот месец.
Договорот со 1ТВ го потпишував секој месец , но следниот нема да го потпишам , не поради целата работа туку поради здравствени причини. Дали Јовановски извршил против законски дејства , дали тоа било ретек, уцена или било што, таа работа треба да ја истражат надлежните ортгани“ вели Кабранов.
Јадранка Костова пак за а1 он, вели дека со телевизијата имала авторски договор до први јули и дека не сака да ги коментира работите околу случувањата во 1 ТВ.
Борјан Јовановски бил на службен пат во Брисел , кој изјавил дека ангажманот со 1 ТВ завршил пред половина месец и дека според договорот требало да се обнови во септември, но не знае дали ќе го обнови.
Што се однесува до насатаните не можам да коментирам, има институции , нека си ја истражат целата работа . Колку што знам јас, екипата не била вклучена во бранење интереси за рекет и слични дела. Немам грижа на совест за парите што сум ги земал од телевизијата, сум завршил работа, ме исплатиле, вели Јовановски за а1 он.
Comments are closed for this post.