Убаво би било на местото на некогашниот познат Бишкарник во Струмица денес да има современ објект на интернационалната компанија „Фејсбук“. Уште повеќе што на нивата од каде што Господ црпнува сега да се гради најсовременото архитектонско чудо – новиот дом на „Гугл“, истакна денес Наум Стоилковски, портпарол на ВМРО-ДПМНЕ
-Ова е само уште едно потсетување на лагите на Зоран Заев. Лани во септември, без трошка образ и срам тој излезе и соопшти дека во Македонија влегуваат две инвестиции на мултинационалните компании и гиганти „Гугл“ и „Фејсбук“ и дека Владата е во напредни преговори со нив. И еве повеќе од една година од тогаш не само што ги нема овие две компании, туку нема ниедна компанија која што би ги задржала македонските ИТ потенцијали, инженери, програмери, висококвалификувани Македонци кои секојдневно соочувајќи се со лагите на Заев и неговиот криминоген клан, си заминуваат од државата. Во Република Македонија нема никакви инвестиции, а ги нема заради криминалот во власта. Инвеститорите сакаат сигурност, а не да бидат рекетирани и да им се бараат куферчиња полни со желби во пари или со кои домашни семејни фирми на кланот би требало да соработуваат, или кој да им биде раководител во компаниите на Македонија. Фондовите и помошта наместо во компаниите, да завршуваат во партиските џебови како што е случај во Република Македонија. Македонските ТИРЗови – технолошките зони – сега воопшто ги нема на ранг листите иако до пред некоја година кога беа бетонирани на првите позиции. На првото место сега се зоните од Србија. Македонската дирекција за развојните зони воопшто и не конкурирала за да ја има во извештаите, бидејќи како што велат и нема што да прикаже.
Стоилковски обвинува дека наместо реформска, оваа власт е комплетно антиреформска, бркајќи ги и оние инвеститори кои веќе се во Република Македонија.
-Секој потенцијален инвеститор, пред да одговори позитивно на поканата за состанок, прво ќе се обиде да ја провери биографијата на промоторот или лицето со кое што треба да се сретне. А, и кој ќе дојде и кој би бил што би привлечел странски инвеститори на разговори со Зоран Заев? Или пак со Љубе Бошковски? Или Рамиз Мерко, Аднан Ќахил, Зоран Шапуриќ? Рамадани, Даути или Апостоловска? Да не го заборавиме и Самка Ибраимовски. Во делот на економскиот напредок на нашата држава, владата на Заев им вети на граѓаните отворање на 64.000 нови работни места во приватниот сектор, просечна плата од 30.000 денари и минимална плата од 16.000 денари, а докторите се уште ја очекуваат ветената плата од 100.000 денари. Граѓаните ги очекуваат инвестициите во нови 500 километри автопат и ветена повисока стапка на раст на економијата од најмалку 5% годишно. Граѓаните паметат, а Заев и неговата банда сметаат на нивно кратко паметење. Наскоро, ќе се соочат со вистината, онака како што и граѓаните се соочија и се соочуваат со лагите и економската девастација и лична и на државата, порача портпаролот.
Comments are closed for this post.