Во 14-тата епизода од ТВ Колумната „5 минути со Чавез“ го запознаваме новит шеик од Дубаи. Зоки од Муртино стана инвеститор во една од најбогатите држави во светот. Гради облакодер од 80 ката. Сите заинтересирани може да се пријават за работа. Поранешниот премиер наместо да се пофали со инвестицијата зел да демантира додека неговата ќерка и внука ставаат слики на Интаграм од Дубаи.
Се осврнуваме и на историскиот говор на потпретседателот на САД Џеј Ди Ванс во Минхен кој и покажа на ЕУ каде и местото и оти веќе ништо не се прашува.
Анализираме и дали Украина ќе биде поделена како Македонија во 1914 година во Букурешт.
Автор: Игор Чавески
Монтажа: Aлександар Арсовски
Comments are closed for this post.