Доцна вечерва полиција и го одзела мобилниот телефон на сега веќе поранешната шефица на СЈО, Катица Јанева, објавува ТВ 21 повикувајќи се на извори од ОЈО.
Одредени медиуми објавија дека полиција влегла вечерва и во станот на Специјалната јавна обвинителка Катица Јанева која денеска поднесе неотповиклива оставка од функцијата.
Зошто и е одземен мобилниот телефон засега нема информации. Медиумите пишуваат за наводна поврзаност помеѓу Катица Јанева и денеска двајцата приведени бизнисмени кои во моментов се во Кривичниот суд на распит, но за ова засега нема потврда.
Comments are closed for this post.