Цензурата врз „Република“ и „Пресинг ТВ“ стигна и до седиштето на ЕУ. Медиумите во Брисел пишуваат за селективниот пристап на Владата во Скопје врз медиумите кои не известуваат по нивната наредба. Па така, влијателниот „Brussels Morning Newspaper“ во текст насловен „На медиумите им е забрането да известуваат на денот на одбележувањето на денот на херојот во Cеверна Македонија“ .
Весникот дава образложение за македонско-бугарскиот спор и ја пренесува изјавата на нашиот новинар Игор Чавески за причините што Владата цензурира медиуми.
По работните процедури за слични настани, преку електронска пошта испративме барање до Владата за дозвола нашите новинарски екипи да бидат присутни на спомен-местото каде што почива Гоце Делчев во Скопје. Но, за жал, ни беше одбиена дозвола да се занимаваме со нашата новинарска работа без конкретна причина. Накратко, владините портпароли Мухамед Хоџа и Душко Арсовски не одговорија на нашите повици и добивме само мејл во кој во „Република“ и „Пресинг ТВ“ не информираа дека немаме дозвола да присуствуваме на почесното место во главниот град. По овој одговор, медиумите за кои работам побараа помош од две новинарски здруженија во Cеверна Македонија МАН и ЗНМ. Дополнително, истиот ден ја известивме и Европската комисија за овој инцидент“, изјави нашиот новинар за Брисел морнинг.
Comments are closed for this post.