Состојбата во која во моментов се наоѓа Македонија во однос на уставните измени е однос меѓу државава и Европската Унија, а не Бугарија. Значи, странки во овој процес се Република Македонија и Европската Унија. Однесувањето на опозицијата за целокупното негирање на потребата од уставните измени само со оправдување дека станува збор за бугарски диктат или притисок имајќи предвид на укажаниот однос на нашата држава и ЕУ, е сосема неоснован, вели во интервју за МИА, претседателката на работната група за уставни измени, Маргарита Цаца Николовска.
-За работната група битно беше разгледување на меѓународните документи и преземените обврски што произлегуваат од тие документи.Негласањето на опозицијата за меѓународните документи е нејзина одговорност. Во парламентарната демократија презентирањето на аргументи е главна алатка како што е случај и со дискусија околу тие аргументи, нагласува судијката во интервјуто.
Comments are closed for this post.