Претседателот Стево Пендаровски го комплетирал составот на Советот за безбедност. Тројцата членови кои на негов предлог ќе бидат дел од ова советодавно тело на шефот на државата, кое брои девет членови, се првиот министер за одбрана во независна Македoнија, Трајан Гоцевски, професорот на УЈИЕ, Ветон Љатифи и професорот од Правниот факултет при УКИМ, Ненад Марковиќ.
Останатите шест члена кои се дел од Советот по функција се: претседателите на државата, на Собранието и на Владата, како и министрите за внатрешни, за надворешни работи и за одбрана.
Comments are closed for this post.