На 26.07.2019 околу 12:25 часот на локалниот пат Куманово-с.Горно Коњаре, се случила сообраќајна незгода помеѓу патничко моторно возило „Мерцедес“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од Г.Ј.(52) од Куманово  и  патничко возило „Пежо“ со кумановски регистарски ознаки, управувано од А. Ф. (22) од с.Горно Коњаре-Куманово.

По незгодата Г.Ј., А.Ф. и сопатничката во возилото ,,Пежо“  М. Ф. (41) биле пренесени во Ургентен центар-Куманово,  каде им биле констатирани тешки телесни повреди.