Денеска, на 11 мај во 18 часот во Штип во рамки на акцијата „Ова е Македонија за сите”, ВМРО-ДПМНЕ организира трибина на тема „Современи образовни политики“.

Како што соопштија од партијата, говорници на трибината се: Христијан Мицкоски, претседател на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Весна Јаневска, претседател на комисија за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ, проф. д-р Гордана Сиљановска Давкова, пратеник во македонското собрание, проф. д-р Христина Серафимовска, член на комисијата за образование и наука на ВМРО-ДПМНЕ и проф. д-р Весна Кожинкова Карагунова, претседател на Советот на општина Штип

Во воведниот дел на трибината ќе се разговара со Иван Јорданов, градоначалник на Општина Штип.