Михаил Трендафилов – Нанче, кандидатот за градоначалник на Охрид на Граѓанско демократската унија, предизборната кампања ја почна со обраќање до граѓаните во кое посочи на проблемите со кои се соочуваат охриѓани, како иселувањето на младите, намалениот наталитет, урбаното дивеење со градење без концепт, голо профитерство на сцена…Нанче кој говореше пред спомениците на Христо Узунов и Методија Патче во центарот на Охрид порача дека на овие избори влегуваат со најсилното оружје, а тоа е вистината.
После 30 години лажење, ве уверувам дека тука е пред вас оној што не лаже, кој ќе биде постојано со Вас и за Вас. Во оваа држава се изнаслушавме кој колку украл, кој колку бил корумпиран, од каде толку пари од еден сиромав народ… Едните лажат, другите крадат, меѓусебно се амнестираат. Останува на нас самите да определиме дали сме по европски терк, дали сме или не сме домаќини. Ние ќе победиме затоа што луѓето ќе знаат за кого да се изјаснат“, рече Трендафилов.
Тој посочи и на стравот што е всаден кај луѓето, таложен изминатите 28 години, како и на протежираната практика за наводна потреба со градот да управува човек што е од партијата што ја има власта на државно ниво. Трендафилов тука забележа дека средствата што државата ги издвојува за градот се на сите граѓани, а не на партијата што е на власт. Нанче иднината на градот ја гледа во инвестиции што на долг рок ќе донесат профит, а не да се задолжува Општината за сервисирање на каматите од задолжувања за промашени проекти.
Треба да разбереме дека за да се тргне напред, Охрид треба да развива спорт, култура, туризам…Само со таква инфраструктура градот ќе може да бележи развој“, рече меѓу другото Трендафилов.
Comments are closed for this post.