Транспаренси Интернешнал го објави извештајот, статистички по години нивото на корумпираност во дравата. Државата најниско ниво на корупција има во време на ВМРО – ДПМНЕ во периодот од 2008 година до 2016 година. Додека според податоците на Транспаренси интернешнал највисоко ниво на корупција во Македонија има во време на владеењето на СДСМ. Највисоко ниво на корупција во Македонија според податоците на Транспаренси Интернешанл има во периодот од 2016 до 2020 година.

Ризикот од корупција според чрлен 8 од Законот за спречување на корупција и судир на интереси кој подразбира било кој вид на внатрешна или надворешна слабост или постапка која претставува можност за појава на корупција во рамките на државни органи, јавни претпријатија, други институции од јавниот сектор и кој ги вклучува прашањата за судир на интереси, неспоивост на функции, примање подароци и други нелегални плаќања, лобирање, недостаток на систем за заштита на укажувачи, измами, несоодветно користење на овластувањата, дискрециони овластувања и тн бил најголем во време на владеењето на СДСМ и владата предводена од премиерот Зоран Заев.

За широката распространетотст на корупцијата во Македонија во изминатите неколку години алармираат и граѓанските организации, Државната комисија за спречување на корупција, функционери и претставници на Европската Унија како и невладиниот сектор.

Корупцијата е длабоко навлезена во секоја пора од македонското општество. Државната комисија за спречување корупција дава забелешки, препораки но тврдат никој не ги слуша. ДКСК предупредува дека постојат судир на интереси, непотизам, злоупотреба на фунцијата в.д. директор, но никој не постапува по нивните барања. ДКСК во Македонија е немоќна.

Непотизам, односно вработување на блиски лица на поранешни и сегашни функционери, злоупотреби со апанажи, патни трошоци, службени возила и платежни картички во странство, се само дел од бројните случаи за кои антикорупционерите дале препораки, но никој не ги зема предвид.

Таков е и последниот случај за кој алармираа во неколку наврати односно случајот МЕПСО. Дадени се опомени и насоки и за разрешување, но раководните лица во управните и надзорните одбори не ги почитуваат. Во последно време се злоупотребува и функцијата в.д. директор, а беше укажано и на најновиот случај со Куштрим Рамадани, кој е поставен за претседател на Управен одбор во МЕПСО.

„Постои судир на интереси во случајот на досегашниот член и заманик претседател на регулаторната комисија за енергеитка кој е назначен за директор на МЕПСО, без притоа да помине законскиот период од две години пропишан со закон. ДКСК ги објави резултатите од предметите поврзани со непотизам и побара од надлежните управни и надзорни одбори да ја преиспитаат одговорноста на раководните органи, но за жал тие не постапија по нашите барања“ вели Билјана Ивановска претседател на Државната комисија за спречување на корупција.

За широката распространетост на корупцијата во македонското општество алармираат и граѓанските организации, но инститициите немаат слух.
Граѓанските организации укажаа дека антикорупциската комисија е немоќна ако нема независно судство што ќе ги истера случаите до крај. Потсетуваат и на случаите за време на пандемијата, кои не завршија во судница.

Наспроти ваквите констатации и факти, Бојан Маричиќ, Министер за правда од владеачката СДСМ најавува национална антикорупциска стратегија, но и самиот тој смета дека законите во овој случај не се доволни.

Од друга страна пак за широката распространетост на корпцијата во Македонија предупредуваат и функционерите и надлежните од Европската Унија.
Шефот на Делегацијата на ЕУ, Дејвид Гир, рече дека корупцијата не е само наш проблем, туку е предизвик со кој се соочуваат сите држави во светот. Дејвид Гир смета дека корупцијата е сеуште во секоја пора на македонското општество, закони постојат но никој не ги спроведува.

Освен преку личен пример и професионално однесување, потребно е и зголемување на бројот на конечни пресуди за корупција на високо ниво, вклучително и со конфискација на имот стекнат на криминален начин“ се дел од заклучоците изнесени на панел дискусијата 9 декември- Меѓународен ден за борба против корупција.

Корупцијата е сериозен проблем во Македонија. Корупцијата постои насекаде низ институциите и во македонското општество. Законите постојат за да се почитуваат, а институциите за да ги спроведуваат. Но во Македонија очигледно законите никој не ги спроведува а институциите затајуваат. Неопходна е стратегија, анализа за сеопфатно дејствување со цел намалување и искоренување на корупцијата во македонското општество, особено корупцијата на белите крагњи, корупцијата во високите кругови на власта.