Функцијата не е злоупотребена со оглед на тоа што се запазени сите услови согласно огласот, изјави за Пресинг Тв, поранешниот градоначалник на Град Скопје, Коце Трајановски.
Против него и уште три лица денеска беше поднесена кривична пријава поради злоупотреба на службена положба и овласувања при изборот на директор на „ЈП Водовод и Канализација“- Скопје по оглас од 2014 година. Според соопштението на СВР Скопје, од 11 пријавени кандидати за директор на „Водовод“ било избрано лице, кое имало некомплетни документи. Односно, избраниот имал завршен факултет во државата Њујорк во САД, но дипломата не му била нострифицирана.
Трајановски не сакаше ништо повеќе да коментира, уште помалку да даде било какви политички димензии на случајот, со едноставно образложение дека напуштајќи ја пратеничката функција, тој се повлекол и од политиката.
Comments are closed for this post.