Со ново име се испечатени некаде околу 525.000 возачки дозволи, тоа се активни возачки дозволи, кои не се дуплираат. Со старото име во важност се 272.000 возачки дозволи. Тоа се важечки возачки дозволи кои не се обновени со новото име и сега со законските измени за безбедност во сообраќајот тие ќе важат до 31.12.2024 година“, истакна вчера министерот за внатрешни работи Панче Тошковски.
„350.000 налепници се дистрибуирани до станиците за технички преглед“, информираше министерот за внатрешни работи Панче Тошковски во вечерашната Топ Тема.
На прашањето дали тоа ќе бидат фрлени пари или ќе се промени Правилникот од 2019, изменет во 2020 и 2023 година, според кој министер за внатрешни работи не смее, ниту да дистрибуира, ниту да лепите налепници НМК, Тошковски одговори дека службите во МВР моментално изработуваат нов правилник.
Тој нагласи дека овој правилник ќе биде сменет и заклучно со 31.12.2024 година и дека нема да има проблем да се движат овие моторни возила во државата, но доколку патуваат надвор мора да ја залепи налепницата НМК.
Comments are closed for this post.