Продолжува тортурата врз Миле Јанакиески од страна на судот и власта. Како што дознава „Pressing TV“ од извори од судот, до адвокатите на Јанакиески стигнала наредба тој да биде спроведен со полиција во понеделник во 10 часот за кога е закажано рочиште во случајот „Топлик“.
Оваа наредба доаѓа директно од судијата во овој случај Осман Шабани на кого многу брза што поскоро да има пресуда.
Но, Јанакиески има уредна медицинска белешка дека не може да присуствува на рочиштата бидејќи имаше сериозна повреда на ногата. Пред неколку дена беше и опериран и сега е на домашно опоравување.
Но, за судијата Шабани тоа како да не е важно и велел дека ќе го задржи во судницата само половина час а после бил слободен.
Во судските кругови веќе се коментира дека намерата е набрзина да се дојде до завршите зборови со тоа што ќе бидат отфрлени сите докази и сведоци на одбраната а веднаш потоа да има пресуда која како што стојат работите Јанакиески е однапред е осуден.
Comments are closed for this post.