Денешното рочиште на случајот „ТНТ“ се одложи поради здравствената состојба на обвинетиот Тони Трајковски. Неговата одбрана посочи дека тој не е во состојба да доаѓа на судења но оти очекуваат набрзо тој да биде подобар.

Денеска Тони Трајковски не дојде по препорака од доктор, кој го издаде извештајот, дека не може да присуствува на судење. Докторката дојде и на затворена седница, ја кажа причината и ја образложи дијагнозата. Кажа дека е од времен карактер и се надева на подобрување на состојбата во текот на следните 10-15 дена,-изјави Страшевски.

 

Адвокатот на поранешниот градоначалник на Гази Баба исто така нагласи дека се уште немаат одлучено по барањето на судијата Ставрев да се изјаснат дали прифаќаат судењето да почне од почеток но без повторно изведување на доказите туку само со нивно читање.

Се уште немаме разговарано за тоа. Него го бранам тој ќе си одлучи-појасни Страшевски.