Случајот со малата Вања ја вознемири и Србија.Прво ја имавме Тијана Јуриќ, па убиството во Младеновац и во училиштетото „Владислав Рибникар“. За убиството на девојчето во Македонија е најважно да се утврди мотивот.Мотивот се уште не е разјаснет, вели адвокатот Тома Фила во интервју за „Република“.

Не можам да сфатам дека девојчето беше убиено за два-три часа а ако мотив беше да ја грабнат за пари немаше да биде убиена така брзо.Потполно е бесмислено, сторителот бега за Белград а оттаму за Бугарија и Турција,навистина не ми е јасно што се случичо.Добро е што сите се во притвор за да можат за да може да се спроведе истрага-вели Фила.

Адвокатот нагласува дека е невозможно да се изведе такво киднапирање во центарот на градот во денови кога Скопје беше најобезбедуваниот град во Европа поради самитот на ОБСЕ без голема логистика.

Со девојчето лесно можеше да биде  и нејзината сестра и двете да ги грабнат и убијат. Сите безбедносни сили се употребени за настанот кој се удржувате.Но знаете како се вели „првиот куршум не може да се сопре а вториот да не се случи“.

Еден од најголемите адвокати на Балканот со огромно искуство е убеден дека се направени големи пропусти во истрагата посебно со „цитроенот“ со кој беше грабната Вања а му припаѓал на претходно убиениот Панче Жежовски од Велес.

Тоа се пропусти кои се случуваат секогаш.Кога има грешки во истрагата бранителот успешно го брани обвинетиот. Имаат направено многу грешки и пропусти и затоа даваат некои бесмислени изјави министерот и некој друг.Сооштение треба да дава Јавното обвинителство што се случува и до каде се дојдени.Не знаме ни од Судска медицина извештај дали е убиена со пиштол или е задавена.Мора секој чекор да биде пресметан.Овој пат грешка не е дозволена-објаснува Фила за „Република“.

Фила нагласува дека едноставно морало да биде барано и пронајдено возилото.

Ако возилото е користено за киднапирање мора да има врска и со ликвидацијата.Возилото е користено за киднапирање па запалено.Во секој случај секој чекор мора десет пати да се размисли пред да се преземе.Ова не е обично убиство, мора точно да се утврди за што станува збор.Треба да се види и дали уапсениот во Турција организирал некаква група, дали постојат списоци за ликвидација или за киднапирање.Обвинителството мора да дава сооштение на секои два-три дена до каде е .Сторителите не стигнале да побараат откупа бидејќи девојчесто е убиено за два-три часа.Ако е точно дека е убиена со куршуми тогаш не е удавена.Ова е многу замешана работа.Не верувам дека ако сакаш да уцениш некого и да му се земиш пари тогаш не се убива девојчето после два-три часа.Мене повеќе ме загрижува дали постојат списоци.Ако постојат списоци со планови за киднапирање или убивање тогаш е многу опасно и е теоризам и не е обично убиство.Можеби станува збор за организирана група.Повторувам,мотивот е основна причина, нема убиство без мотив.

Фила смета дека не постои начин Палевски да не биде ектрадиран

Не може да не го екстраадираат, што им треба на Турците македонски државјанин.Ќе го испорачаат но е потребна процедура..Тој може да бара што сака но е македонски државјанин и мора да му се суди во Македонија.

Тој вели дека полицијата и Обвинителството мора да имаа цврсти докази.

Мора да имаат бидејќи ќе бидат многу адвокати кои ќе бараат грешки, а на тие грешки се заснова одбраната.Истрагата мора да се води без грешки.

Целиот разговор слушнете го во видеоинтервјуто кое го водеше Игор Чавески