По реакциите дека не е отстранета таблата со името на Ванчо Михајлов од бугарскиот клуб во Битола, а здружението е згаснато, денеска со црна боја беше премачкан натписот „Клуб Ванчо Михајлов“.
Промената, како што објави порталот СДК, очигледно настана по денешното судско рочиште против претседателот на клубот Љупчо Ѓоргиев кога се запре прекршочната постапка, зашто е покрената кривична постака за предизвикување национална и расна омраза и нерпеливост, како и ширење расизам и ксенофобија преку компјутерски систем.
Денеска по судското рочиште, Весна Бендевска од Комисијата за заштита и спречување на дискриминација, соопшти дека бугарското здружение во Битола се водело на адреса во периферијата на градот, а не во центарот каде имаат отворено канцеларии.
Comments are closed for this post.