Краткотрајно купување на време и мир во куќа.Вака правните експерти го оценуваат вчерашниот потег на премиерот Зоран Заев да побара гласање за доверба на владата.
Според нив, ова е не е ништо друго туку пребројување од страна на Заев и дисциплинирање на коалициските партнери откако ЛДП и Павле Трајанов најавија дека ќе делуваат самостојно.Но, нивниот збор не тежеше ни една недела и тие повторно го дадоа гласот за оној со чии политки не се согласуваат.
По гласањето на доверба на владата се појавија различни толкувања дали во следните 90 дена може да се побара повоторно гласање или не.
Едни се повикуваа на Уставот, други на Деловникот. „Pressing TV“ го праша адвокатот Томе Тодоровски кој е еден од најголемите познавачи на Уставот и често оспорува закони пред Уставниот суд.Тој е еден од оспорувачите на прогласувањето на новото име без Указ од претседателот на државата како и на Законот за јазици чија раправа ќе биде на 18 март.
Тодоровски е јасен дека во овој случај бидејќи премиерот сам побара гласање за доверба на владата не важи правилото дека опозицијата не може да побара ново гласање во следните 90 дена.
Ако опозицијата успее да собере 61 глас или повеќе таа може во секој момент може да поднесе барање за гласање за доверба на владата.Има три дена расправа и потоа се гласа. Ова што сега се направи апсолутно не значи дека не може има ново барање-објаснува Тодоровски за „Pressing TV“
Comments are closed for this post.