Францускиот абасаор Тимоние не сака да прејудицира дали Македонија ќе добие датум за почеток на преговорите за членство.Тој нагласува дека треба да се почека на резултатот од изборите.
Прво треба на овие избори да го добиеме позитивниот знак кој што го очекуваме, а потоа ќе си дојде се на своето. Инаку, европската конструкција во моментов навистина се соочува со тежок период, меѓутоа европската изградба никогаш не била секојдневно задоволство, туку секогаш била со подеми и падови и потребно е трпение, вели францускиот амбасадор.
Запрашан за вчерашната изјава на поранешната министерка за европски прашања во владата на Емануел Макрон и сега предводничка на листата за европските избори на Републиката во движење, Натали Лоазо, која категорично рече „не“ за почеток на преговорите за влезот на Северна Македонија и Албанија во ЕУ, и дека нема да има датум за преговори во јуни, Тимоние вели дека тој е претставник на претседателот на Француската Република кој јасно кажа дека европската перспектива на земјите од Западниот балкан е сосема јасна и заедно со вицепремиерот Османи работат на таа перспектива.
Comments are closed for this post.