На булевар „Кузман Јосифовски Питу“, вчера во 17.37 часот, патничко возило „фолксваген поло“ со скопски регистарски ознаки, управувано од 38-годишниот Б.П. од Скопје, удрило во пешакот М.С. (30) од Скопје.
М.С. се здобил со тешки телесни повреди и со возило на Итна медицинска помош бил пренесен во Ургентен центар при комплекс клиники „Мајка Тереза“.
Увид на местото извршила екипа од СВР Скопје.
Comments are closed for this post.