Охриѓанец е тешко повреден кога неговиот автомобил се запалил во движење по што излетал од патот.

Незгодата се случила синоќа кога „Пежото“ на 33-годишниот Ц.К. се запалило во движење на регионалниот пат Охрид – Свети Наум. Тоа предизвикало тој да загуби контрола врз автомобилот и излетал од патот.

При несреќата тој се стекнал со тешки телесни повреди односно изгорениципоради што е пренесен во Општата болница Охрид.

Извршен е увид на местото на настанот.