Италијанскиот печат утрово утрово објави текст со наслови „Тендер за Лепонардо: Цигани како нас“.
Во текстот се пишува за скандалот со наводно местење на тендер од 7 милиони евра за набавка на систем за управување со воздушниот простор за М-НАВ .
Во текстот се посочува на дел од содржината на снимениот разговор за кој што генералниот секретар на владата Драги Рашковски потврди дека гласот кој што се слуша е негов.
Весникот Ла Верита додава дека во Македонија се пуштаат тајни аудио снимки од разговори за „порамнување на сметките“.
Весникот одлучил текстот за скандалот да го илустрира со фотографија од Зоран Заев, но не со потпис како премиер, туку како економист.
Comments are closed for this post.