Последното одземање на ингеренциите во делот на образованието не во склад со законските прописи, велат од локалната власт во Гостивар. Градоначалникот Арбен Таравари смета дека станува збор за политички реваншизам.

Против мене се министерот за образование кој не се знае како ја добил дипломата и премиерот кој знае само да прави пазари. Им предложив да ги одземат ингеренциите на четири години и да ги дадат на ДУИ. Вака се изморени децата од овие случувања, рече Таравари и нагласи дека не очекува заштита од судските власти иако веќе покренале неколку постапки.

Шкеќим Весели од правната служба на денешната прес конференција вели дека министерот за образование му ги одзел надлежностите на градоначалникот без да има одлука од второстепената комисија како надлежен орган.

 Министерот за образование му ги одзеде надлежностите на градоначалникот без да има одлука од второстепената комисија како надлежен орган. Потоа, имаме одлуки на второстепената комисија кои се идентични со првото решение со кое се одземаат надлежностите. Тука се нагласува дека градоначалникот не е ниту првостепено, ниту второстепено тело, ниту орган кој може да врши контрола. Јавно ги прашуваме овие институционален орган е тогаш градоначалникот?, рече Весели и нагласи дека целата постапка била забрзана од страна на Државниот просветен инспекторат за да се стигне до политичката цел, да му се одземат овластувањата на градоначалникот.

Имено, во изминатиот период во два наврати на градоначалникот на Гостивар му се одземаат надлежностите во делот на назначување и разрешување на директори. Градоначалникот Таравари во средбите со странските амбасадори го истакнал овој проблеми бидејќи како што рече не очекува правдата да исплива, кога во правосудниот систем има луѓе кои се лојални на ДУИ и ги штитат нивните функционери.

МОН: Градоначалникот на Гостивар да не ја вклучува политиката во образовниот процес

Имајќи предвид дека повторно се актуелизира темата поврзана со разрешувањата и именувањата на директорите на гостиварските основни и средни училишта, Министерството за образование и наука има должност повторно да појасни дека е институција која не постапува самоволно и по желба на поединци, туку постапува исклучиво во согласност и со почитување на правните прописи во земјата и на одлуките на останатите институции, органи и тела задолжени за контроли, надзори и донесување на решенија за ситуации, како конкретно настанатата во општина Гостивар, велат од МОН

Имено, како што јавноста е веќе запознаена, по спроведени инспекциски надзори од страна на Државниот просветен инспекторат констатирани се низа нерегуларности и непочитувања на законите од страна на градоначалникот на општина Гостивар и на локалната самоуправа, во постапките за разрешување и именување на директори на училишта. Станува збор за нерегуларна постапка која тој ја повторил два пати што всушност е и основ за одземените ингеренции на општината во областа на образованието и задолжување за градоначалникот за враќање на состојбите во првобитниот статус. Образованието е сфера во која политиката не смее да се интегрира и да предизвикува штети по однос на образовниот процес на учениците. Образовните институции мора да имаат раководни лица кои нема да дозволат во ниеден момент и по ниеден основ да биде нарушен процесот на едукација и воспитување на учениците, соопштуваат од МОН.