Основниот суд во Тетово донесе одлука според која Зијадин Села е новиот претседател на Алијансата за Албанците (АА), заменувајќи го досегашниот лидер Арбен Таравари.

Судска одлука

Во Судскиот регистар на политички партии под РПП.бр.1/24, донесена е одлука за промена на претседателот на партијата. Во документот се наведува:

„Во иднина за претседател на партијата се именува Зијадин Села од Струга, наместо Арбен Таравари од Гостивар.“