Претседателот на Алијанса за Албанците, Арбен Таравари за ТВ21 рече дека се подготвени уште денеска да ја напуштат Владата, доколку тоа го побара ВМРО-ДПМНЕ, во замена за гласање за уставни измени.
„Во овој важен период за државата, ако ВМРО-ДПМНЕ кажат дека Алијанса за Албаните треба да излезе од Владата и ќе гласаме за уставни измени, Алијанса не утре, туку денеска целосно ќе ја напушти Владата. Нека кажат, нека направат проширена Влада, нека се изгласаат уставните амандмани, и веднаш одиме на избори“, рече Таравари
Comments are closed for this post.