Предлогот за разрешување на Јанева од Собранието веќе стигнал во Советот, чија седница почнува вечерва во 19 часот, овбјави Канал5.
Советот на јавни обвинители ќе треба да и ја одземе функцијата на досегашната шефица на Специјалното јавно обвинителство, Катица Јанева, која е во притвор во Шутка поради нестручно и невнимателно работење во случајот Рекет, каде е третоосомничена.
Во текот на денот , пратениците гласаа за да се разреши Јанева и тоа едногласно, со 102 гласа „за“ и без ниту еден против или воздражани.
Comments are closed for this post.