Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски од денеска повторно се враќаат на своите работни позиции во МВР, објави министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски на својот фејсбук профил.
За професионалците секогаш ќе има место во МВР, напиша Спасовски на Фејсбук.
Ѓорѓи Лазаревски и Звонко Костовски, како вработени во УБК го открија скандалот со прислушувањето во Македонија. И двајцата беа обвинети во случајот „Пуч” дека ги дале нелегално прислушуваните разговори на Зоран Верушевски, кои потоа беа објавувани од СДСМ.
Comments are closed for this post.