Врз основа на поднесена неотповиклива оставка на реис ул улема на Исламска Верска заедница – Сулејман ефенди Реџепи, примена на ден 25.03.2019 година и заведена под број 15-13/174, Ријасетот на ИВЗ на РМ на ден 30.03.2019 година, одржал вонредна седница на која е прифатена оставката на досегашниот реис ул улема и на истата седница за реис ул улема е избран Скендер Бузаку.
Од Граѓанскиот суд посочуваат дека наведената одлука за промена на вршител на функцијата реис ул улема не е правосилна, односно за истата течат рокови за жалба од 15 дена.
Во оваа смисла, како што е наведено во соопштението, Судот не врши промена, туку спроведува и потврдува одлуки на верската заедница што се донесени на вонредна седница на Ријасетот, а врз основа на член 36 и член 68 од Уставот на Исламската верска заедница.
По однос на прашањето на дел од медиумите дали неотповикливата оставка на реис ул улема Сулејман Реџепи е фалсификат или не, Ве известуваме дека тоа може да биде предмет на друга постапка. Во постапка согласно Законот за правната положба на црква, верска заедница и религиозна група, Судот само врши потврда на одлуките донесени од верската заедница и истите ги изразува во Решение за промена. Наведеното дотолку повеќе што сите одлуки во барањето за промена на реис ул улема се со печат на верската заедница и заведени под деловоден број на заедницата, се наведува во соопштението од Основниот суд Скопје 2.
Comments are closed for this post.