Судот ја прифатил жалбата која ја поднесе Основното јавно обвинителство за одлуката Драги Рашковски да биде во домашен притвор, дознава Канал 5 од извори од Обвинителството .
Се очекува поранешниот генерален секретар на владата да биде пренесен од домашен притвор во притвор во Шутка уште денес, дознава Канал 5.
Потврда дојде и од Кривичниот суд од каде се наведува:
„Заради интерес на медимуте околу предлогот на Јавниот обвинител во однос на „истрагата за набавка на софтвер“ , ја информираме јавноста дека:
Кривичниот совет на одделението за организиран криминал и корупција, постапувајќи по жалби изјавени против решенијата на судија на претходна постапка од 16.04.2021 година со кои на Д.Р. и Д.С. им се определува мерка куќен притвор со дополнителни мерки за претпазливост, денеска одржа седница во присуство на странките, по која ценејќи го предлогот како и изјавените жалби донесе решение со кое ја прифати жалбата на Јавниот обвинител и го преиначи решението на судија на претходна постапка. Со тоа на осомничените Д.Р. и Д.С. им се определува мерка притвор во траење од 30 дена заради постоење на основите од член 165 ст.1 т.1 и 2.
Со почит Основен кривичен суд Скопје, се наведува во соопштението.
Рашковски се товари за случај во кој злоупотребил државни пари и набавил софтвер чиј автор е и самиот. Софтверот не бил потребен на МВР.
Comments are closed for this post.