удијата во случајот „27 април“ го одбри барањето на одбраната на обвинетите, да се одложи денешното сведочење на Александар Василевски-Нинџа.
Одбраната се сомнева дека тој повторно тргува преку лажни изјави во корист на обвинението со цел да избори поволности за себе како што тоа го правел и во минатото.
Одбраната смета дека во јавноста се уште е присутна дилемата во однос на давањето на исказот на Нинџа само 15 дена пред изрекувањето на пресудата за предметот за т.н. „терористичко загрозување на уставниот поредок“ со кој на 211 години затвор беа осудени 16 лица.
Василевски беше осуден на 8 години затвор, две години под минималната, за разлика од луѓето кои според пресудата тој ги организирал и координирал и добија по 12, 13, 15 години затворски казни.
Поради овој факт, но и поради гласните коментари за сомнителните изјави на Василевски пред обвинителството и пред судот менувани три пати со драстични разлики во секоја изјава, како и поради историјата на Василевски за сомнителни сведочења во случаи додека против него се водат други постапки, адвокатскиот тим поднесе барање за одложување на сведочењето на Нинџа.
Адвокатите наведоа дека ова барање доаѓа „поради перцепцијата дека со давањето на трета различна изјава на две недели пред изрекувањето на пресудата Нинџа „си обезбедил“ најмала казна од судот иако е осуден од Добрила Кацарска како главен организатор на патриотските здруженија за упадот во Собранието“.
Одбраната се сомнева дека бидејќи во моментов се води жалбената постапка пред Апелациониот суд за случајот во кој е Нинџа осуден, тој со своето сведочење во овој случај би дал нов невистинит исказ во полза на тврдењата на Обвинителството, како што постои сомневање базирано на факти дека тоа го правел и во минатото, на пример во случајот „Ровер“.
Судската пракса покажала дека исказите на Нинџа биле во насока да добие олеснувања во однос на преиначување на полесни правни квалификации на кривично дело или олеснувања во однос на изречени казни затвор во предмети каде што бил обвинет, па оттука се поставува дилемата кај нас, а и во јавноста дали со сведочење кое оди во прилог на теоријата на случајот на Обвинителството, пред да биде правосилен претходниот предмет во кој Нинџа е осуден, тој ќе си обезбеди дополнителни олеснувања непосредно пред изрекувањето на пресудата на Апелациониот суд во Скопје, а на штета на утврдување на вистината поврзана со овој кривично правен настан.
Comments are closed for this post.