Судењето за настаните од 27 април се одложи. Причина за одложувањето е тоа што на одбраната на обвинетите не им биле доставени сите докази.
Иако обвинителката Вилма Рускоска негодуваше, судијата Илија Трајков тоа го прифати.
Одбраната нагласи дека во повеќе наврати побарала сите докази да и бидат обезбедени на увид, како што предвидуваат законските нормативи во Република Македонија, дознаваме од извори од судот. Но, поради необјасниви причини тоа се уште не се случило. Поради ова судечкиот совет го задолжи обвинителството да ги достави бараните докази кои им следуваат на обвинетите и нивните адвокати, со цел да може да ја подготват својата одбрана согласно доказните материјали кои тврди дека ги има обвинителството предводено од Вилма Рускоска.Одбраната има понудено 300 сведоци, a исто така достави поднесок во кое бара Обвинителството да објасни во која се насока се водени разговорите пред 27 април.
Рускоска смета дека пресудата за 27 април не смее да влијае на овој процес.
Следното рочиште е на 26 февруари во 11 часот.
Comments are closed for this post.