Факултет за електротехника и информациски технологии денеска со длабока тага ја прими веста за прераната и неочекувана смрт на својот колега Јовица Трпевски, кој трагично го загуби својот живот во вчерашната сообраќајна несреќа што ја потресе целата држава, објави факултетот на својата Фејсбук страница.
Јовица Трпевски беше наш студент од генерацијата 2012 година дипломираше на насоката Компјутерско системско инженерство и роботика во 2017 година, стои во објавата.
Сите вработени и студенти на ФЕИТ сочувствуваат со семејството и жалат за загубата на својот колега.
Нека му е вечна слава… – објавија од факултетот.
ЖАЛНА ВЕСТ
Факултет за електротехника и информациски технологии денеска со длабока тага ја прими веста за прераната и…
Posted by Факултет за електротехника и информациски технологии – ФЕИТ on Thursday, February 14, 2019
Comments are closed for this post.