Министерството за образование и наука објави дека до 20 јануари ќе ги очекува сугестиите и предлозите за унапредување на нацрт верзијата. Но и оваа временска рамка пак наиде на реакции на дел од институтите. Симона Груевска Маџовска од Институтот за македонски јазик “Крсте Мисирков” на Твитер напиша:

„Рок до 20 јануари за предлози и забелешки за новата концепција за основно образование, без таа притоа да биде интегрално објавена со имињата на нејзините автори. Дрско и несериозно до крај!“

Од оние кои се спротиставија на нацрт концептот на реформите во основното образование беше и Институот за педагогија, кој со мнозинство гласови, односно со исклучок на двајца членови донесоа заклучок дека не може да се прифати понудената концепиција. Професорката Елизабета Томевска Илиевска, која е дел од овој институт, за Канал 5 вели дека реформите се неопходни, но за нив потребен е општетвен консензус, особено од директно инволвираните, како што се научната фела, професорите, учениците и родителите.

“ Да, потребни се реформи, но не на ваков начин, не со оваа временска динамика и не со ваква понудена содржина и структура. Образовната реформа, мораме да бидеме јасни дека во нејзината иницијална суштина опфаќа интервенција од педагошки, методичко дидактички , андрагошки и методолошки пристап и секако истовремено вклучување и разговарање на сите други науки и научни дисциплини. Кога говориме за сеопфатен пристап тоа не значи и не смее да основното воспитание и образование во никој случај не смее да се гледа изолирано од другите воспитно-образовни посистеми, односно мислам на предучилишното, средното и високото образование. “-Проф. Елизабета Томевска Илиевска –член на Институтот за педагогија при Филозофскиот факултет

Концепцијата е дел од стратегијата на МОН во периодот од 2018-2025 и од новиот закон заосновно образовани. Документот во моментов е во фаза на јавна дискусија, а по нејзино усвојување ќе следува процес на изработка на наставните програми и наставни материјали за секоја од програмите, кои ќе ги изготвуваат експерти. – велат од министерството.