Откако вчера Судот за човекови права донесе пресуда во корист за Миле Јанакиески, неговиот адвокатски тим најавува дека очекуваат судот да се прознесе позитивно и за уште жалба што ја имаат поднесено.

Се работи за случајот „Титаник“ за кој Јанакиески е осуден на три и пол години и за кој веќе издржува затвор.Адвокатот Влатко Илиевски смета дека има основа за уште една позитивна одлука за притворите кои беа одредувани за овој случај.

Очекуваме набрзо да има одлука и по однос и за притворите кои што беа и за притворите кои беа определени за предметот „Титаник“.Како легитимно се поставува за одговорност за сите учесници во овие одлуки  со цел не само да се санкционираат  туку и да се превенира слична злоупотреба во иднина-објасни Илиевски.

Стразбур вчера констатираше дека на Јанакиески е нарушено правото на слобода со постојаното продолжување на притворите за случаите „27 април“ и „Шпански скали“.