Последната статистика на надлежните институции вели дека новозаболени во 24 часа има 7, ама починати дури 18. Со тоа бројката на починати од корона е 5.329 лица или се движи кон 5.500. За високата бројката на починати во земјава говорат податоците на Ворлдометар (Worldometers), според чија листа Македонија е високото 4 место на светката листа по починати. Или повеќе од 10 илјади починати, се вели во соопштението на ВМРО-ДПМНЕ.

Во меѓувреме,Филипче стави акцент на земањето провизии, сега е во филмот на партиски функционер. Очигледно е дека граѓаните и нивното здравје нема да дојдат на ред. Филипче во нити еден момент од појавата на пандемијата не покажа интерес за здравјето на граѓаните, организирање на здравствениот систем. Замислете и третиот бран поминува унифицирани протоколи за лечење нема! Затоа Филипче ќе одговара, посочуваат од партијата.