Генералниот секретар на НАТО, Јенс Столтенберг во интервју за Бугарската национална телевизија (БНТ) изјави дека е убеден оти Алијансата ќе постои се додека „е потребен силен сојуз за безбедност и одбрана”.
Тој, одговарајќи на прашањето дали НАТО по седум децении и понатаму треба да постои, истакна оти најуспешниот сојуз во историјата се заснова на единството.
Ние сме 29 различни земији од двете страни на Атлантикот. Различни ни се и ситемите и историјата. Но, и покрај разликите не обединува заедничката цел. Втора причина за успех е нашата способност за прилагодување. Денес светот се менува. Ние исто така се менуваме, водени од целта за одржување на мир и избегнување на судири, посочи Столтенберг.
Генералниот секретар на Алијансата на прашањето дали руските енергетски проекти во Бугарија влијаат врз заедничката одбрана на НАТО сојузниците, истакна дека диверсификацијата на енергетските извори е добро за сите држави бидејќи ги намалува нивните слабости.
Диверсификацијата е клучна и од аспект на одбраната и од аспект за развој на економијата, посочи Столтенберг.
Тој во интервјуто за БНТ оцени и дека приемот на Северна Македонија во НАТО е важен за државата, за регионот и за Алијансата.
Тоа е доказ дека вратата на НАТО е отворена, посочи Столтенберг, при тоа честитајќи и на Бугарија за потпишаниот договор за добрососедски односи со Северна Македонија и за нејзината клучна улога во процесот на атлантското интегрирање на државата.
Comments are closed for this post.