Генералниот секретар на НАТО Јенс Столтенберг денеска ја продолжува посетата на земјава. Нему раноутрово му беше приреден свечен пречек на платото пред владата по што имаше средба со премиерот Зоран по што следува и заедничка прес конференција. За крајот на посетата, Генералниот секретар во вилата Водно ќе има средба со претседателот Стево Пендаровски.

 

Генералниот секретар на НАТО на средбата со Џафери вчера, и честиташе на Македонија за успесите што ги постигна изминатиот период на патот кон евроатланските интеграции, за храброста и решителноста да го реши проблемот со името, кој ја кочеше нашата земја премногу долго. Тој оцени дека придобивките од зачленувањето во НАТО за Македонија се веќе очигледни, т.е. инвестициите оваа година се зголемени за три пати, а државава веќе учествуваше на состаноците на министрите за одбрана и за надворешни работи на земјите членки на НАТО, што се одржаа во февруари и во април оваа година.

Нашата Алијанса се грижи за безбедноста на луѓето, но и за почитување на  нашите вредности – слобода, демократија и владеење на правото. Во 1949 година, министрите за надворешни работи од дванаесет земји го потпишаа Договорот од Вашингтон. Наскоро, кога процесот на вашето пристапување ќе биде завршен, со нетрпение ќе ја пречекам  Северна Македонија како триесеттата членка на нашата Алијанса. И да го видам вашето знаме развеано пред нашето седиште во Брисел, како и во нашите мисии и операции насекаде низ светот“ – порача Столтенберг.